ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ УКРАЛ ВОЗИЛО И ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ Полицијата го уапси и ќе му поднесе кривична пријава
Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото со 0,72 промили алкохол во крвта, соопшти полицијата.
Лишен е од слобода неготинец, кој украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот, соопшти полицијата.
„На 20.4.2025 во 04.20 часот на локалниот пат кон село Курија, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода С.Д.(28) од Неготино. Имено, тој украл патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(28) од Неготино. Според пријавеното, возилото било паркирано пред домот на сопственикот. Потоа С.Д. со возилото на локалниот пат кон село Курија излетал надвор од коловозот“, соопшти полицијата.
Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото со 0,72 промили алкохол во крвта, се додава во соопштението.
„С.Д. бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти полицијата.