ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67 гласа во трката за шефица на ОЈО ГОКК

Извори за Плусинфо потврдуваат дека Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК. Таа освоила 67 гласа, пред Трајче Пеливанов и Јован Цветановски.

313

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, потврдуваат за Плусинфо извори запознаени со резултатите од гласањето. Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Според информациите до кои дојде Плусинфо, Хаџи Василева добила најголема поддршка од обвинителите во трката за раководната функција во обвинителството надлежно за предметите од областа на организираниот криминал и корупцијата. Официјалното соопштување на резултатите се очекува на јавната седница.






Таа беше една од петтемина кандидати за функцијата. Покрај Хаџи Василева, во трката учествуваа и Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Јован Цветановски и Лидија Раичевиќ.

Гласањето се одвиваше од 8 до 16 часот, а право на глас имаа 187 обвинители. По завршувањето на гласањето, резултатите треба да бидат сумирани и официјално соопштени на јавна седница.

Досегашниот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во 2022 година, не се кандидираше за нов мандат.

Кандидатите претходно, на 13 октомври, ги претставија своите програми и приоритети за работата на обвинителството. Меѓу клучните прашања беа зајакнувањето на финансиските истраги, поефикасното справување со корупцијата и зачувувањето на самостојноста и независноста на јавното обвинителство.

Поврзани содржини