АРАГЧИ ЈА ПОФАЛИ СИЛАТА НА ИРАН Повика муслиманските земји да се обединат

Неговото соопштениедојде само неколку часа откако Саудиска Арабија, Пакистан и Турција го потпишаа заедничкиот одбранбен пакт во Мека, со што ги здружија трите сунитски муслимански земји, партнери на САД.

0

Иранските вооружени сили покажаа подготвеност и сила во соочувањето со најскапата армија во светот, објави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи.

Тој ги повика муслиманските земји да се обединат и да се потпрат на сопствените капацитети пред „лицето на непријателските странци“.






Неговото соопштение на Икс дојде само неколку часа откако Саудиска Арабија, Пакистан и Турција го потпишаа заедничкиот одбранбен пакт во Мека, со што ги здружија трите сунитски муслимански земји, партнери на САД, во време на регионалниот конфликт, во кој иранските ракети беа насочени кон извозниците на нафта во Персискиот Залив, објавија британските меидуми.

Во заедничката изјава на трите земји беше истакнато дека договорот има цел да го зајакне колективното одвраќање од каква било форма на агресија.

Спогодбата предвидува дека секој вооружен напад врз една од трите држави ќе се смета за напад врз сите потписнички, како и подобрување на сите аспекти на одбранбената соработка меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан.

Поврзани содржини