ИСТЕКУВА ВОЗДУХ ОД МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА Драма во вселената, астронаутите подготвени за евакуација
Руските астронаути успеале да запечатат едно место на истекување, а второто можно место на истекување е во конусниот дел од преодната комора.
На астронаутите од Меѓународната вселенска станица денеска им беше наредено да се засолнат во своите летала и да се подготват за евентуална евакуација додека рускиот екипаж се обидува да го санира истекувањето на возухот од орбиталната лабораторија, објави американската вселенска агенција НАСА.
По кратко време на астронаутите им беше дозволено да излезат од засолништето.
Истекувањето на воздухот во изминатите месеци беше релативно мало, но се зголеми во понеделникот.
Руската агенција за вселенската програма и вселенски истражувања (Роскосмос) соопшти дека двете истекувања на воздух биле откриени за време на притисокот во преодната комора на модулот Звезда. Руските астронаути успеале брзо да запечатат едно место на истекување, а второто можно место на истекување е во конусниот дел од преодната комора.
Според Роскосмос нема закана за безбедноста на екипажот или за системите на МВС.
Меѓународната вселенска станица орбитира околу Земјата веќе 25 години и е најсложениот меѓународен инженерски проект. Има руски и американски компоненти, како и модули од европските и јапонските вселенски агенции.
Станицата е широка 108 метри и долга 74 метри. Се движи со брзина од околу 27.400 до 28.200 километри на час и ја обиколува Земјата приближно на секои 90 минути.
Покрај спроведувањето експерименти и самоте астронаути се дел од тестирањата. Ним им се мерат пааметри пред, за време и по нивните вселенски летови, за да се разбере подобро како луѓето можат да преживеат долги мисии во вселената.
Повеќето екипажи остануваат на станицата околу 6 месеци.