ЈОТОВА МИСЛИ ДЕКА БУГАРСКИТЕ БАРАЊА ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ НОРМАЛНИ, А НЕ КАПРИЦ „Не е вистина дека го блокираме Скопје“
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска во Софија ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос и ќе разговараат за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
Постои обид од страна на Северна Македонија да ги претстави нормалните барања на Бугарија за нејзиното усогласување со европските критериуми како каприц на нашата земја, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
– Тие се обидуваат барањата да ги претстават како билатерална блокада, што не е вистина – рече Јотова.
Таа денеска во Софија ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос и ќе разговараат за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Двете ќе учествуваат на отворањето на форумот „Европската Унија се среќава со Балканот“.
– Сакаме да чуеме од комесарката Марта Кос каква е визијата и проектот за проширување на Европската Унија кон Западен Балкан. Во последните месеци, оваа тема е напуштена – рече таа.
Според Јотова, дебатата се искривува и во Бугарија во некои аспекти и на европски терен.