ДАНСКА ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА РАБОТНИЦИ ОД 16 ЗЕМЈИ НАДВОР ОД ЕУ Еве од кои земји „гастарбајтерите“ се добродојдени

Со новиот модел данските власти сакаат да им го олеснат на компаниите регрутирањето на потребната работна сила, но и да ги заштитат домашните стандарди за плати и условите за работа преку колективни договори и контроли од страна на работодавачите.

0

Данска од 1 јануари 2027 година воведува нова програма за вработување странски работници од 16 земји што не се членки на Европската Унија.

Новата програма, наречена „Деловна шема заснована на колективен договор“, ќе им овозможи на квалификуваните дански компании да вработуваат работници од Албанија, Австралија, Бразил, Велика Британија, Индија, Јапонија, Канада, Кина, Малезија, Молдавија, САД, Северна Македонија, Србија, Сингапур, Украина и од Црна Гора.






Данските компании пред вработувањето странски работници ќе мора да добијат сертификат од Агенцијата за меѓународно вработување и интеграција (СИРИ). За да се квалификува за програмата, работодавачот ќе мора да работи најмалку две години и да има најмалку десет постојани вработени со полно работно време во Данска.

Компанијата што ќе вработува странски работници треба да има соодветен колективен договор, да има сертификат од Данската бизнис-администрација и да нема сериозни работни спорови, налози од надлежни органи или неодамнешни казни за недоволно плаќање странски работници.

Првиот сертификат ќе важи три години, а подоцна може да се продолжи на четири години.

Предвидено е минималната годишна плата на работниците вработени преку новата програма да изнесува 322.000 дански круни (околу 43.000 евра). Тој праг е значително понизок од минималната плата пропишана со постојната данска шема за ограничување на платите, која за 2026 година изнесува 552.000 круни годишно (околу 69.800 евра).

Барањата за дозволи за престој и работа ќе ги обработува СИРИ.

Со новиот модел данските власти сакаат да им го олеснат на компаниите регрутирањето на потребната работна сила, но и да ги заштитат домашните стандарди за плати и условите за работа преку колективни договори и контроли од страна на работодавачите.

Поврзани содржини