КОВАЧЕВСКИ НЕ Е УАПСЕН, ОД ОКТОМВРИ КИДНАЛ ВО СТРАНСТВО Полицијата го бара за криминал во РЕК Битола

Васко Ковачевски, заедно со неговиот наследник во ЕСМ, Васко Стефанов и други лица се осомничени дека формирале злосторничко здружение и со злоупотреби се стекнале со противправна корист.

8,867

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски не е уапсен денеска во големата полициска акција, во која досега се приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј.

Според информациите, осомничениот Ковачевски од октомври е надвор од државата.






Тој, заедно со неговиот наследник во ЕСМ, Васко Стефанов и други лица се осомничени дека формирале злосторничко здружение и со злоупотреби на службената должност се стекнале со противправна корист.

Поврзани содржини