КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА РАМИЗ МЕРКО Незконски доделил градежна дозвола за објект во Мислешево
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко и двајца вработени во општината за Несовесно работење во службата.
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко и двајца вработени во општината за Несовесно работење во службата.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(69), А.Б.(40), двајцата од Струга како и против Н.Р.(57) од струшкото село Поум поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Несовесно работење во службата. Пријавениот Р.М., поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево“, соопшти полицијата.
Второпријавениот и третопријавениот, од позиции на советник во Секторот за урбанизам и помошник раководител на истиот сектор, претходно незаконски го изготвиле одобрението и врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, одобрението било издадено спротивно на Законот за градење, се додава во соопштението.