📽️ МА КАКВА ПЕНЗИЈА, КАРИ ГО СОБОРИ ДОНЧИЌ НА ПАРКЕТОТ Ладнокрвно погоди тројка и ги запали социјалните мрежи
Стеф Кари постигна 31 поен и со спектакуларен кросовер го испрати Лука Дончиќ на паркетот, а „Голден Стејт“ направи голем пресврт и го победи „Лос Анџелес Лејкерс“ со 112:95.
Стеф Кари уште еднаш покажа дека годините за него не претставуваат никаква пречка. Во големиот пресврт на „Голден Стејт Вориорс“ против „Лос Анџелес Лејкерс“, 38-годишната НБА-ѕвезда не само што го предводеше својот тим до победа од 112:95, туку со еден спектакуларен потег против Лука Дончиќ ги запали и социјалните мрежи.
„Вориорс“ успеаја да се вратат по огромна негатива од 25 поени и да ја запишат третата победа во низа, а Кари натпреварот го заврши со 31 поен, четири скока и шест асистенции. Дончиќ, од друга страна, беше најефикасен на средбата со 37 поени, седум скока и пет асистенции.
Моментот што најмногу го привлече вниманието се случи во третата четвртина. Кари ја презеде топката, а пред него се најде Дончиќ. Со фантастичен кросовер, Американецот го испрати словенечкиот кошаркар на паркетот, а потоа погоди тројка.
Снимката од потегот веднаш стана хит, а особено впечатливо е што Кари го направи тоа во момент кога „Голден Стејт“ сè уште се обидуваше да се врати во натпреварот.
STEPH CURRY DROPS LUKA DONCIC
OH MY GOODNESS. 🔥🔥🔥🔥 https://t.co/NazYwy8J78
— Hoop Central (@TheHoopCentral) October 31, 2026
„Лос Анџелес Лејкерс“ одлично го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа огромни 23 поени предност. На семафорот стоеше 38:15 и се чинеше дека гостите сигурно чекорат кон победата.
Но, во втората четвртина следуваше неверојатен одговор на домашниот тим.
„Вориорс“ возвратија со идентичен резултат – 38:15 – и на полувремето се замина со нерешени 53:53. „Голден Стејт“ потоа го презеде ритамот, а пресвртот го комплетираше во второто полувреме.
@TheHoopCentral 🏀 @StephenCurry30 @warriors
😵💫 @lukadoncic @Lakers https://t.co/FTKeiQE6s5— Ron Pragides (@mrp) October 31, 2026
„Лејкерс“ во еден момент повторно успеаја да направат предност во продолжението, но следуваше голем пад во нивната игра. „Вориорс“ направија серија од 33:8 во периодот од третата до четвртата четвртина и на крајот славеа убедливо со 112:95.
Кари беше лидер на домашниот тим со 31 поен, а Брендин Подзиемски постигна 21. Кај „Лејкерс“, покрај 37-те поени на Дончиќ, Остин Ривс додаде 21 поен.
За Кари, спектакуларниот настап донесе уште едно потсетување дека и на 38 години останува еден од најопасните кошаркари во НБА. А за Дончиќ, кој одигра одличен натпревар според бројките, остана моментот кој сигурно ќе продолжи да се врти по социјалните мрежи – кросоверот по кој заврши на паркетот, а Кари ја погоди тројката.