ТИВКИОТ УБИЕЦ НИ СЕ ЗАКАНУВА НА СИТЕ Стручњаците откриваат како да се заштитиме

Лекарите предупредуваат дека недостигот од движење не е само проблем на луѓето што не вежбаат, туку и на оние што редовно одат во теретана, но остатокот од денот го поминуваат седејќи.

0

Д-р Адити Неруркар, истакната лекарка, истражувачка и светски позната експертка за стрес и јавно здравје, предупредила дека долгото седење може да биде подеднакво штетно како и пушењето. Гостувајќи во подкастот на Мел Робинс, д-р Неруркар се осврнува на истражување спроведено на 800 луѓе, според кое седењето може да го зголеми ризикот од развој на дијабетес за 112 отсто, од срцеви заболувања за 147 отсто, од смрт поради срцеви заболувања за 90 отсто, а вкупниот ризик од смрт за 50 отсто.

Долгото седење, особено кога поголемиот дел од денот го поминуваме пред компјутер или телевизор, може сериозно да му наштети на здравјето. Лекарите предупредуваат дека недостигот од движење не е само проблем на луѓето што не вежбаат, туку и на оние што редовно одат во теретана, но остатокот од денот го поминуваат седејќи.






Во меѓувреме, д-р Прити Гупта, вонредна професорка во болницата „Сафдарџанг“ во Делхи, предупредила дека долготрајната физичка неактивност може да придонесе за развој на дијабетес, дебелина, метаболички синдром, висок крвен притисок и намалена функција на тироидната жлезда. Таа посочува и на можни компликации на малите и големите крвни садови, меѓу кои се коронарната срцева болест и мозочен удар.

Недостигот од движење може да влијае и врз нивото на холестерол, особено врз ЛДЛ-холестеролот, познат како „лош“. Со тоа дополнително се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Според д-р Мохит Шарма, консултант по интерна медицина и ендокринологија во болницата „Амрита“ во Фаридабад, седењето подолго од шест до осум часа дневно може значително да го зголеми ризикот од предвремена смрт. Тој наведува дека седењето повеќе од осум часа дневно е поврзано со 34 отсто поголем ризик од смртност.

Според Неруркар, дури и пет до десет минути движење можат да бидат добар почеток за создавање поактивни навики. Оние што работат во канцеларија можат да прошетаат низ ходникот, да станат од работното биро или да ги користат скалите наместо лифтот. Важно е седењето да не трае со часови без прекин.

Светската здравствена организација им препорачува на возрасните најмалку 150 до 300 минути аеробна физичка активност со умерен интензитет неделно, како и вежби за зајакнување на мускулите најмалку два дена во неделата. Активноста може да се распореди во текот на неделата, а не мора секој пат да биде долг тренинг.

Пораката на експертите е едноставна: не е неопходно веднаш да се промени целиот начин на живот, но важно е да се прекине навиката со часови да се седи без движење. Кратките прошетки, станувањето од столот и почестото движење во текот на денот можат да бидат први чекори кон подобро здравје.

Поврзани содржини