ЗЕЛ ВАП-МАШИНА ЗА ДА МИЕ ВОЗИЛО, ГО УДРИЛА СТРУЈА? На Клиника почина жител на Студеничани

Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза", каде починал.

0

Во СВР Скопје вчера околу пладне е пријавено дека во село Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од село Студеничани и ја зел вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар.

Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде починал. Лекар констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.






Поврзани содржини