КАНАДА ГИ ЗАСИЛУВА ВОЕНИТЕ СОЈУЗИ Ќе се приклчи на Заедничките експедициски сили предводени од Велика Британија

Заедничките експедициски сили се партнерство за брза реакција, составено од 10 држави-членки на НАТО.

0

Канада официјално поднесе барање за приклучување кон воената коалиција Заеднички експедициски сили (JEF), предводена од Велика Британија, соопшти денеска кабинетот на премиерот Марк Карни.

Заедничките експедициски сили се партнерство за брза реакција, составено од 10 држави-членки на НАТО.






„Премиерот Карни објави дека Канада официјално поднела барање за приклучување кон Заедничките експедициски сили и ја поздрави поддршката од Велика Британија за учеството на Канада во оваа важна иницијатива“, се наведува во соопштението.

ЈЕФ ги сочинуваат Данска, Естонија, Финска, Исланд, Летонија, Литванија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија. Станува збор за флексибилна воена формација со висока готовност, во која земјите заеднички тренираат и можат брзо да реагираат на безбедносни кризи, особено во Балтичкото Море, Северниот Атлантик, Арктикот и Високиот Север. JEF има сè поголема улога во заштитата на критичната инфраструктура, подморските кабли и морските трговски патишта, како и во справувањето со хибридни закани и активности поврзани со Русија.

Канада која веќе е членка на НАТО, бара поблиска воена соработка со европските земји додека се обидува да ја намали зависноста од САД.

Канадскиот премиер Карни претходно се сретна со британскиот премиер, Енди Бернам во северна Англија. Двајцата лидери разговарале за можностите за соработка во одбранбената индустрија преку Глобалната програма за борбено воздухопловство, напреден проект за борбени авиони во кој Канада се приклучи како набљудувач во јули годинава.

Поврзани содржини