🎥 АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ ИСПРАТИЈА ФОТКИ ОД УНИШТЕНИТЕ БАЗИ „Само гледаме како Иран нè растргнува“

Снимките им беа испратени на новинарите на Си-Би-Ес Њус од активни американски војници под услов на анонимност, поради строгите воени правила што им забрануваат да се појават во медиумите.

5

Нови фотографии што го доби Си-Би-Ес за прв пат откриваат обем на тешко уништување на згради и возила на повеќе американски позиции низ Блискиот Исток, предизвикани од иранските напади со дронови и со ракети.

Снимките им беа испратени на новинарите на Си-Би-Ес Њус од активни американски војници под услов на анонимност, поради строгите воени правила што им забрануваат да се појават во медиумите.






– Ова е сериозна штета на нашите бази за која воопшто не се зборува во американската јавност. Само стоиме таму со затворени очи додека нè растргнуваат – изјави еден од војниците за Си-Би-Ес Њус.

Една од фотографиите, направена во воздухопловната база Принц Султан во Саудиска Арабија, покажува директен удар во задниот дел на авионот Боинг Е-3 Сентри со четири мотори. Опашката на авионот е целосно одвоена од изгорениот труп што го носи ротирачкиот радарски систем, клучен за собирање воздушни разузнавачки информации.

Други фотографии од базата покажуваат изгорени згради и касарни, од кои останале само скелети. Бетонските заштитни ѕидови кои некогаш се сметаа за клучна заштита од мини и гранати, се покажале како целосно бескорисни против воздушните напади.

Слични сцени се снимени во Камп Буринг во Кувајт, голема база за пешадија, оклопни возила и авиони на американската армија, сместена во оддалечената пустина северозападно од Кувајт Сити.

Генералниот инспектор на Министерството за одбрана на САД оваа недела објави нов извештај за војната во Иран, во кој се наведува дека „загубите на опрема“ изнесуваат до 3,7 милијарди долари, што вклучува речиси 60 уништени или оштетени авиони. Во тој задолжителен извештај до Конгресот, прв од ваков вид, инспекторот цитира податоци од Централната команда на САД (CENTCOM) дека Иран ги погодил американските бази во Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Ирак, Оман и во Јордан.

– Ова не се поединечни ракети кои случајно поминале низ одбраната – додаде војникот, осврнувајќи се на фразата што министерот за војна Пит Хегсет ја употреби по смртоносниот напад на 1 март врз кувајтското пристаниште Шуаиба во кој загинаа 6 американски војници.

– Ние воопшто не ги браниме тие бази. Само гледаме како се уништуваат.

Обемот на уништувањето откриен од новите фотографии доаѓа по вчерашниот извештај на американската Конгресна истражувачка служба, според кој американската војска изгубила најмалку 42 авиони од почетокот на војната со Иран, додека вкупните трошоци за операцијата „Епски бес“ се зголемија на дури 29 милијарди долари.

Финансискиот контролор на Пентагон, Џулс Херст, им потврди на пратениците дека голем дел од таа сума оди за итни поправки и за замена на уништената опрема – што вклучува најмалку 24 изгубени напредни беспилотни летала MQ-9 Reaper во вредност од 30 милиони долари, соборени авиони и уништени транспортери. Овааштета од 29 милијарди долари дури не ја вклучува штетата на погодените бази низ Блискиот Исток, која сама по себе се мери во милијарди.

Поврзани содржини