📽️ ГО СОМНИЧЕЛЕ ДЕКА ТУРНАЛ ЖЕНА ПОД АВТОБУС, СЕГА ГО НАЈДОА МРТОВ Снимка од Лондон остана мистерија цели 9 години

Николас Брандрам беше уапсен во јуни поради случајот што ја шокираше Британија уште во 2017 година. Минатата недела беше пуштен додека истрагата продолжуваше, а сега е пронајден мртов во својот дом во западен Лондон. Полицијата не ја смета смртта за сомнителна.

3

Британскиот банкар Николас Брандрам (44), осомничен во познатиот случај „Патни пушер“, е пронајден мртов во својот дом во Чизик, западен Лондон. Станува збор за случајот со виралната снимка на која тркач турка жена на коловозот директно пред двокатен автобус.

Брандрам беше уапсен на 15 јуни годинава под сомнение за обид за нанесување тешки телесни повреди во врска со нападот од 2017 година. Минатата недела британската полиција соопшти дека е пуштен додека истрагата продолжува. Против него не беше поднесено обвинение.






Полицијата и екипа на Лондонската служба за брза помош во вторникот вечерта пристигнале на адреса во Чизик, откако Брандрам бил пронајден без знаци на реакција. Тој бил прогласен за мртов на местото.

„За жал, 44-годишниот маж беше прогласен за мртов на местото. Неговото семејство е известено“, соопшти Метрополитенската полиција.

Неговата смрт се води како неочекувана, но полицијата во моментов не ја третира како сомнителна. Случајот ќе биде предаден на надлежниот судски истражител за смртни случаи.

 

Случајот поради кој Брандрам заврши под истрага почна на 5 мај 2017 година на мостот Патни во Лондон. Безбедносна камера сними тркач како турка жена кон коловозот во момент кога се приближува двокатен автобус. Возачот нагло свртел и успеал да ја избегне жената, која поминала со полесни повреди.

Снимката стана вирална, а потрагата по човекот од видеото траеше со години. Полицијата испита десетици мажи и имаше повеќе апсења, но никој не беше обвинет. Истрагата беше затворена во 2018 година, а подоцна повторно беше активирана.

Поврзани содржини