📽️ „ЗАМОЛЧИ ГЛУПАКУ! ЗАМОЛЧИ ГУБИТНИКУ, ИЗБРКАЈТЕ ГО ОДОВДЕ“ Трамп го изгуби трпението во Флорида, реагираше обезбедувањето

Тројца демонстранти го прекинале говорот на Трамп во арената „Ocean Center“ во Дејтона Бич. Претседателот им возвратил со навреди, а потоа ги прашал приврзаниците: „Има ли нешто подобро од митинг на Трамп?“

168

Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина говорот на предизборен митинг во Дејтона Бич, Флорида, и остро им се обрати на демонстрантите кои неколкупати довикуваа од публиката.

– Замолчи! Замолчи, глупаку! Замолчи, губитнику! Каков губитник. Избркајте го одовде! – извика Трамп од говорницата, додека обезбедувањето интервенираше и ги отстрануваше демонстрантите од салата.






Инцидентот се случил на 30 октомври 2026 година, за време на митинг во арената „Ocean Center“, во пресрет на конгресните избори во САД, закажани за 3 ноември.

Додека Трамп зборувал за важноста на претстојните избори и ентузијазмот меѓу неговите поддржувачи, тројца демонстранти почнале да довикуваат од публиката. Нивните зборови не биле јасно разбирливи од микрофоните во салата, но претседателот веднаш го прекинал обраќањето, покажал кон нив и реагирал со навреди.

 

Додека обезбедувањето ги придружувало демонстрантите надвор, Трамп се пожалил дека ваквите прекинувања му ги расипуваат поентите и завршниците на шегите во говорите. Сепак, брзо се обидел да ја врати атмосферата во салата, свртувајќи се кон приврзаниците кои му возвратиле со скандирања и овации.

„Има ли нешто подобро од митинг на Трамп?“, ги прашал присутните.

Трамп продолжил и со шега на сметка на демонстрантите, нарекувајќи ги „платени“. Рекол дека кога ќе се вратат дома, нивните родители, кои според неговите зборови гласале за него, ќе им удрат шлаканица по лицето поради нивното однесување.

Поврзани содржини