ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ ЌЕ СИ ДОЈДАТ ДОМА ОД СОФИЈА Уште четворица во критична состојба остануваат во Бугарија

Прес-центарот на болницата „Пирогов“ во Софија соопшти дека четворицата кои остануваат во болницата се во тешка, но стабилна состојба и дека се на интензивна нега. Во тек се бројни интервенции за нивно оправување.

166

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува евентуална нова хируршка фаза.






Во „Пирогов“ остануваат да се лекуваат уште четворица други повредени во Кочани.

Прес-центарот на болницата соопшти дека четворицата кои остануваат во болницата се во тешка, но стабилна состојба и дека се на интензивна нега. Во тек се бројни интервенции за нивно оправување.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа  пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“, а другите во болниците во Пловдив и Варна.

Поврзани содржини