НАТО „ОД ТРЕТПАТ“ СО ЕВРОПА НАПРЕД Хегсет најави 1,5 трилиони за јакнење на воениот сојуз

Министерот за одбрана на САД порача дека Алијансата мора повторно да стане цврст воен сојуз способен да ги одврати сите закани.

116

Министерот за одбрана на САД Пит Хегсет повика на трансформација на НАТО во „НАТО 3.0“, со поголема улога на европските сојузници во одбраната на континентот.

– НАТО мора повторно да стане вистински воен сојуз со способности што ќе ги одвратат заканите и ќе ѝ овозможат на Европа да ја преземе водечката улога во сопствената одбрана – рече Хегсет.






Тој најави дека САД планираат да вложат 1,5 трилиони долари во одбраната следната година.

– Ќе испратиме порака до светот дека градиме арсенал на слободата – изјави шефот на Пентагон.

Во исто време, администрацијата на Доналд Трамп бара европските членки да преземат поголем дел од товарот во случај на безбедносна криза, додека Вашингтон сè повеќе го насочува вниманието кон Индо-Пацификот и кон можен конфликт со Кина.

И покрај тие промени, САД засега немаат намера да го повлечат своето нуклеарно оружје од Европа, кое останува еден од столбовите на одвраќањето во НАТО.

Поврзани содржини