ПО ПИКНИЦИТЕ, АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ Градот се враќа во ред

Екипи на Град Скопје и јавните претпријатија спроведуваат засилени активности за чистење по првомајските празници.

33

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи упати апел до граѓаните по повод првомајските празници, нагласувајќи дека по дружењата, пикниците и престојот во природа, заедничка обврска на сите е градот да остане чист и уреден.

Тој информира дека екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се на терен и спроведуваат засилени активности за чистење на јавните површини и излетничките места.

Од Град Скопје посочуваат дека акциите за расчистување ќе продолжат и во наредниот период, со цел градот да се врати во уредена состојба по празничните денови.

– Скопје е наш заеднички дом, да го чуваме и по празниците – порача Ѓорѓиевски.

Поврзани содржини