9 ДУШИ СО 3 ВОЗИЛА ЈА ПЉАЧКАЛЕ ЗИК „ПЕЛАГОНИЈА“ На удар бил објект во Долно Српци кај Могила

Предметите биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава.

899

Полициски службеници од СВР Битола вчера околу пладне во с. Долно Српци, општина Могила, ги уапсиле Т.Н.(35), Б.Џ.(37), С.Р.(20), А.Р.(23), А.Р.(45), Е.Б.(32), Д.Д.(24), Е.К.(24) сите од Прилеп и Р.В.(61) од село Мажучиште, прилепско.

Тие биле затекнати при извршување кражба во објект на ЗИК „Пелагонија”. Од нив биле одземени патничко возило „фолксваген венто” со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген венто” со гостиварски регистарски ознаки и патничко возило „форд транзит” со гостиварски регистарски ознаки, натоварени со повеќе предмети сопственост на ЗИК „Пелагонија”.






Предметите биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини