Србин најсреќниот човек во светот – преживеал напад на ајкула (ВИДЕО)

805

Немања Спасојевиќ (38) од Србија, преживеал минатата сабота напад на голема бела ајкула во Сан Франциско. Него, ајкулата долга околу два метра го гризнала за нога додека нуркал во океанот крај брегот на Калифорнија. Среќниот Србин поминал со полесни повреди и истиот ден бил пуштен од болница.

– Веројатно сум најсреќниот човек на светот. Доживеав да ме нападне голема бела ајкула и да ме пуштат од болница истиот ден – рекол Немања кој на задната страна од бутината има 10 лузни од гризнувањето на ајкулата.






Во интервју за американската телевизија „Фокс Ктв“, Спасојевиќ раскажа што му претходело на нападот на ајкулата додека нуркал крај брегот на плажата Греј Вајл Коув, во областа Сан Матео. Како што објаснил, неговиот план бил да нурка околу 45 минути до еден час.

– Реткост е да се нурка во таа област толку долго, бидејќи видливоста е обично екстремно слаба – додал Немања.

Тој влегол во водата околу 8:35 часот наутро и поминал повеќе време на океанот отколку што очекувал, благодарение на фактот што условите се подобриле, па тој подлабоко нуркал. Како што рекол, видливоста била околу два метра. Во еден момент, тој забележал неколку ракови, од кои гледал кој е најголем што излегол на брегот.

Во тој момент го нападнала ајкулата.

„Додека го враќав ракот и почнав да пловам на површината (на длабочина помеѓу два и три метри), почувствував нешто како каснување од комарец, болка и како да ме турка нешто. Кога погледнав, здогледав две очи и нос. Додека мавтав со нозете, можев да го видам лицето на ајкулата. Ја гледав од површината, па не можев да го видам белиот долен дел на стомакот, но можев да ги видам нејзиниот нос и црни очи.“

За да се спаси, тој брзо запливал кон брегот и што поблиску до карпите за да може да се заштити.

– Панично удирав по водата и водев сметка пераите да ми одат надолу, така што, ако повторно ме нападне, да ги гризне перариите, а не раката или ногата – рекол Немања за Ен-би-си.

За среќа, Немања успеал да се спаси и да излезе на брегот, каде видел дека костумот му е исполнет со крв. Со намера да оди во болница, тој почнал да го соблекува костумот, кога сфатил дека повредите му се потешки и дека губи многу крв при одење, поради што повторно го облекол костумот.

– Мојот костум беше повторно полн со крв и беше очигледно дека нема да стасам до скалите без да изгубам многу повеќе крв. Во тоа време, го видов само рибарот Том и викав „напад на ајкула“ сè додека не ме забележа – рекол Немања, раскажувајќи како рибарот му помогнал, останувајќи со него додека не пристигне брзата помош, која итно го пренела во општата болница во Сан Франциско.

Повредите биле сериозни и лекарите морале итно да ги поврзат вените што ги пробила ајкулата со вилиците. Истиот ден, до девет часот, Спасојевиќ бил на нозе, и веќе пуштен од болницата.

Поврзани содржини