Златко Марин ја губи довербата меѓу социјалдемократите во Аеродром, позната е неговата замена
Оваа информација тој самиот ја објави на Фејсбук и истакна дека ја прифатил номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром.
Новиот кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Општина Аеродром, ќе биде пратеникот Александар Филиповски.
Оваа информација тој самиот ја објави на Фејсбук и истакна дека ја прифатил номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром.
– Подготвивме навистина квалитетна програма за следните четири годинии. Целото мое знаење и искуство ќе го вложам во градење на локална самоуправа која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Во Аеродром пораснав, го познавам секој дел од општината и знам што е потребно за да биде подобро. Токму затоа ќе ми биде чест и задоволство да го дадам својот придонес. Заедно да создадеме место каде што ќе растат и ќе се развиваат уште многу идни генерации – напиша Филиповски.