Човек во Њујорк лета со скирол како Зелениот Гоблин ВИДЕО

528

Зелениот Гоблин, дали си тоа ти? На три метри над земја со осум пропелери на неговиот „ховерборд“, авантуристот по име Хантер Ковалд прелета над Тајмс Сквер во Њујорк. Ковалд изведе трик над зашеметените гледачи со закопчана камера на кацигата, а личеше на Зелениот Гоблин, негативецот од филмот „Спајдермен“.

Не му е првпат на Ковалд  да лета по светот, а неговите доживувања да ги објавува на Јутјуб. Тој сам го дизајнирал ховербордот, а кога сакале да го прашаат во врска со тоа репортерите морале да го бркаат и го затекнале дури подоцна на аеродромот Кенеди.

 






Всушност, доста луѓе во светот веќе пробуваат да летаат со дронови. А, меѓу нив, секако се и жените.

Во продолжение видете како над едно езеро на дронови се забавува русокоса во бикини:

Поврзани содржини