5 ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ НА КОНЦЕРTOТ НА ДЕЈВИД ГЕТА Полицијата оцени дека вечерта поминала без поголеми нарушувања

Оценката на полицијата е дека настанот од безбедносен аспект поминал исклучително мирно, без поголеми проблеми за обезбедување на самиот објект, но и за одвивањето на сообраќајот.

812

Пет лица биле приведени на вчерашниот концерт на Дејвид Гета на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Според информации од МВР, регистрирани биле само две нарушувања на јавниот ред и мир при што полициските службеници привеле вкупно 5 лица.






Оценката на полицијата е дека настанот од безбедносен аспект поминал исклучително мирно, без поголеми проблеми за обезбедување на самиот објект, но и за одвивањето на сообраќајот.

Протокот на посетители пред и по завршувањето на концертот се одвивал без поголеми застои.

„На 09.09.2026 во 00:30 часот во Скопје, од арена „Тодор Проески “, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа В.Г.(23), Р.Т.(23) и Д.К.(22), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнале Д.Н.(18) од Скопје“.

Во друг случај, се пресметале две лица.

„На 09.09.2026 во 01:00 часот во Скопје, од арена ‘Тодор Проески”, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Р.К.(57) и В.Т.(25) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка“.

Поврзани содржини