СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК НАСТАВАТА ЌЕ ПОЧНУВА СО ИНТОНИРАЊЕ НА ХИМНАТА Одлука на градоначалникот за училиштата во Гази Баба

Химната е симбол на нашата слобода, државност, историја и на жртвата на генерациите што се бореле за самостојна и независна Македонија – образложи Стефковски.

6

Во сите основни училишта на територијата на Општина Гази Баба наставата секој понеделник ќе почнува со интонирање на државната химна, соопшти градоначалникот Бобан Стефковски.

Градоначалникот Стефковски преку својот профил на Фејсбук ја образложи одлуката за воведување на оваа практика во училишните клупи.






„Секој понеделник, наставата во основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија. Химната не е само песна. Таа е симбол на нашата слобода, државност, историја и на жртвата на генерациите што се бореле за самостојна и независна Македонија“ – напиша Стефковски.

Тој посочи дека оваа иницијатива имма за цел негување на почитта кон државните симболи и градење на чувство на припадност кај младите.

„Преку образованието ги градиме знаењето и иднината на децата, но истовремено ги учиме да ја почитуваат својата татковина, нејзините национални симболи и вредностите што нè обединуваат како народ“ – пишува градоначалникот Стефковски во објавата.

Поврзани содржини