ЗАГИНА 18-ГОДИШНА ФРАНЦУСКА СКИЈАЧКА Марго Симон настрадала по сериозен пад за време на тренинг

Сакаме да изразиме искрено сочувство до нејзиното семејство и најблиските и да им ја дадеме нашата целосна поддршка во овие особено тешки времиња, се вели во соопштението на Француската скијачка федерација.

137

Француската скијачка Марго Симон загина на 18-годишна возраст по несреќа за време на тренинг во Вал д’Изер, соопшти денеска Француската скијачка федерација.

Симон претрпе сериозен пад, по што лекар веднаш се обидел да ја реанимира, но не успеал да ѝ го спаси животот на младата француска скијачка.






Сите детали околу трагичниот настан сè уште не се познати.

Симон во март ја освои шампионската титула на националното првенство во категорија до 18 години.

„Сакаме да изразиме искрено сочувство до нејзиното семејство и најблиските и да им ја дадеме нашата целосна поддршка во овие особено тешки времиња“, се вели во соопштението на Француската скијачка федерација.

Поврзани содржини