ВО АЕРОДРОМ И ВО ЦЕНТАР НАПРАВИЛЕ ЦЕЛИ ДЕПОНИ ОД ШУТ И КАБАСТ ОТПАД! Сторителите откриени, им следува глоба

Сакам да бидам јасен – нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, да го загадуваат просторот во кој живееме и да ја загрозуваат иднината на нашите деца. За вакви појави нема оправдување – објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

2

Доцна синоќа, на три локации во главниот град Скопје, во Општина Аеродром и во централното градско подрачје на улицата „Рузвелтова“ биле затекнати лица кои нелегално исфрлале шут и отпад, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Тој на социјалните мрежи објави дека сторителите биле лоцирани веднаш, по што биле евидентирани и добиле налози да се јават во општинските канцеларии каде ќе им биде изречена соодветна глоба во согласност со законските прописи.






Дополнително, на сторителите им било наложено да го подигнат отпадот веднаш и да го транспортираат на соодветна депонија, но и задолжително да приложат кантарска белешка како доказ, а доколку не го сторат тоа, ќе им бидат изречени нови санкции.

„Сакам да бидам јасен – нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, да го загадуваат просторот во кој живееме и да ја загрозуваат иднината на нашите деца. За вакви појави нема оправдување. За вакво однесување нема толеранција. За уништување на Скопје – ќе има одговорност. Постапување против секој кој несоодветно се однесува – одговорност ќе има“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој рече оти инспекторите работат 24/7 на терен и оти го следат секое нарушување на животната средина, притоа апелирајќи до граѓаните да не одложуваат кабаст отпад оти на тој начин, како што напиша, се поништува работата, трудот и желбата на граѓаните кои сакаат да живеат во чист и уреден град.

Поврзани содржини