БАКТЕРИЈАТА САЛМОНЕЛА БИЛА ПРИЧИНА ЗА ТРУЕЊЕТО ВО МИКРОСАМ Утврдена е во макароните со изварка и јајца

Од вкупно 58 лица кои го консумирале истиот оброк, кај 44 се појавиле симптоми на труење, а шестмина од нив се хоспитализирани во прилепската болница.

3

Бактеријата салмонела е официјално потврдена како причина за масовното труење со храна во прилепската компанија „Микросам“, при што се разболеле 44 вработени.

Заболените работници конзумирале макарони со изварка и јајца, оброк што бил подготвен од кетеринг-фирмата „Рустика“. Од вкупно 58 лица кои го консумирале истиот оброк, кај 44 се појавиле симптоми на труење, а шестмина од нив се хоспитализирани во прилепската болница. Кај дел од земените биолошки примероци лабораториски е потврдено присуство на салмонела.






Надлежните органи веднаш реагирале, па кујната на кетеринг-фирмата „Рустика“, како и мензата во „Микросам“, се затворени до завршување на инспекциските проверки и добивање на конечните резултати од микробиолошките анализи.

Инспекциските служби продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности и евентуални пропусти во подготовката и чувањето на храната. Ова е уште еден случај што ја актуализира потребата од построга контрола на безбедноста на храната во колективното исхранување.

Граѓаните и компаниите се повикуваат на зголемена претпазливост при изборот на кетеринг-услуги, особено кога се работи за поголеми групи.

41 ВРАБОТЕН ВО „МИКРОСАМ“ ВО ПРИЛЕП ЗАТРУЕН СО ХРАНА Вонредна инспекција во фирмата која вршела кетеринг

 

Поврзани содржини