ИЈЗ НА ТЕРЕН, СЕ ПРОВЕРУВА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР Резултатите од анализите ќе завршат кај Обвинителството

Стручните тимови на Институтот за јавно здравје и за време на викендот работат на анализите, а резултатите ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

198

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека негови стручни тимови веднаш излегле на терен и земале примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи, откако Јавното обвинителство побарало испитување поради големиот број граѓани со гастроинтестинални симптоми во Гостивар.

Од ИЈЗ информираат дека по враќањето на екипите од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш започнала постапката за лабораториска анализа на земените примероци.






„Согласно известувањето од ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар за нагло зголемен број пациенти со гастроинтестинална симптоматологија, а со цел анализите да бидат изработени стручно и навремено, стручни лица од Институтот и викендов се на работа и ги анализираат примероците“, соопштија од Институтот.

Оттаму додаваат дека резултатите од анализите ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, кое ги побарало, за понатамошно постапување.

Во меѓувреме, ИЈЗ посочува дека е во постојана комуникација и координација со сите надлежни државни институции, кои се вклучени во утврдувањето на причините за појавата на масовните стомачни тегоби кај граѓаните на Гостивар.

Поврзани содржини