ЌЕ ЗАРАБОТИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО Еве колку ќе инкасира судијата Славко Винчиќ за финалето на Мундијалот

Словенечкиот арбитар ќе ја дели правдата на најважниот натпревар на Светското првенство 2026, а медиумите проценуваат дека само за финалето ќе добие околу 60.000 долари.

267

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе биде главен арбитар на финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра утревечер, а покрај најголемото признание во својата кариера, го очекува и значителна финансиска награда.

Според словенечкиот весник „Дело“, Винчиќ не можел да ги сокрие солзите кога дознал дека токму нему му е доверено да го суди најважниот натпревар на Мундијалот.






Според проценките на медиумите, главниот судија за финалето ќе заработи околу 60.000 американски долари.

Истовремено, словенечките медиуми наведуваат дека Винчиќ од настапите на Светското првенство 2026 вкупно би можел да инкасира околу 140.000 американски долари, а конечната сума ќе зависи и од бонусите што ги предвидува ФИФА.

Иако Светската фудбалска федерација официјално не ги објавува судиските хонорари, според достапните информации, секој судија кој е избран за Мундијалот добива фиксна сума од околу 70.000 долари само за учество на турнирот, а дополнително се исплаќа надомест за секој отсуден натпревар.

Според истите информации, хонорарот за натпревар во групната фаза изнесувал околу 3.000 долари, додека во нокаут-фазата надоместокот бил нешто поголем од 5.000 долари по натпревар.

Ангажманот во финалето претставува најголемо признание во кариерата на Винчиќ, кој со години важи за еден од најдобрите европски судии.

Поврзани содржини