МУРИЊО ЗАГРМЕ, ВЕЛИ ЕГИПЕТ БИЛ ОГРАБЕН ЗА ГОЛ „Мундијалот со ВАР е циркус, мечевите ги гасам по 10 минути!“

Португалецот оцени дека одлуките на судиите и на ВАР биле неконзистентни и директно влијаеле врз исходот на осминафиналето.

5

Египетската репрезентација била оштетена од судиските одлуки и од примената на ВАР технологијата во мечот со Аргентина, реагираше португалскиот стратег Жозе Мурињо. Португалецот, кој го следеше натпреварот како стручен коментатор, вели дека се работи за „грабеж среде бел ден“.

– Ова е грабеж сред бел ден. Срамно е во што се претвора фудбалот. Како можеш да дозволиш акцијата да продолжи, да се постигне гол, а потоа да се вратиш назад и да го поништиш? Ако бил фаул, прекини веднаш – рече Мурињо кој генерално има лоши оценки за Мунидјалот и вели дека некои мечеви ги гаси по првите 10 минути.






Прашања за првиот гол на Аргентина

Португалецот побара објаснување и за ситуацијата при првиот аргентински гол.

– Зошто првиот гол на Аргентина не беше прегледан со истото внимание кога изгледаше многу блиску до офсајд? Зошто секоја контроверзна ситуација во корист на Аргентина беше темелно прегледана, а Египет не доби ист третман? – праша Мурињо.

Нова дебата за ВАР

Натпреварот во Атланта донесе неколку спорни моменти. Египет остана без гол по ВАР-интервенција, додека во нивниот табор сметаат дека дел од спорните ситуации не биле третирани по исти критериуми.

– ВАР треба да донесе праведност, а не конфузија. Денес изгледаше дека секоја важна одлука беше во корист на Аргентина. Фудбалот заслужува подобро – порача Мурињо.

Изјавите на Португалецот дополнително ја разгореа дебатата околу судењето на Светското првенство, особено по драматичниот меч во кој Аргентина од негатива од 2:0 стигна до победа од 3:2.

„Некои натпревари ги исклучувам по десет минути“

Мурињо оцени дека Светското првенство ја губи ексклузивноста по проширувањето на 48 селекции и призна дека дел од натпреварите повеќе не успеваат да му го задржат вниманието. Според него, мундијалот мора да биде врв на светскиот фудбал, а не турнир на кој гледачите се прашуваат дали вреди да останат пред екраните.

Сепак, Португалецот нагласи дека натпреварувањето и натаму ја има својата магија бидејќи „целиот свет дише за фудбал“, издвојувајќи го дуелот меѓу Бразил и Мароко како еден од ретките што целосно ги оправдал високите очекувања.

Поврзани содржини