📽️ ЕГИПЕТ ГРАДИ „НОВ НИЛ“ ДОЛГ 170 КИЛОМЕТРИ Проектот вреди 15 милијарди долари и претвора пустинска во обработлива земја
Проектот се очекува да наводнува околу 9.000 квадратни километри земјиште, зголемувајќи ја обработливата земја во Египет за 15%.
Египет започна еден од најголемите инфраструктурни проекти во својата историја. Вештачки канал долг 170 километри кој треба да донесе вода во западниот дел од земјата и да претвори илјадници квадратни километри пустина во обработливо земјиште. Сепак, експертите предупредуваат дека долгорочниот успех на проектот зависи од одржливоста на изворот на вода.
Проектот, официјално наречен „Нова Делта“, а многумина го нарекуваат „Нов Нил“ вреди околу 15 милијарди долари и има за цел да го зголеми земјоделското производство, да ја зајакне безбедноста на водата и храната и да ја намали зависноста на земјата од увоз.
„Нова Делта“ е комплексен систем на вештачки канали, пумпни станици и цевководи што испорачуваат вода до делови од западната египетска пустина.
Проектот се очекува да наводнува околу 9.000 квадратни километри земјиште, зголемувајќи ја обработливата земја во Египет за 15%.
Најголем инженерски предизвик беше испораката на вода до пустинските висорамнини. За таа цел, беа изградени 13 големи пумпни станици кои постепено ја креваат водата речиси 100 метри надморска височина и ја насочуваат преку вештачки канал кон земјоделските површини.
За да се намалат загубите поради испарување на високи температури, дел од водата се транспортира преку големи подземни цевководи.
Постројката Ел-Хамам, која се смета за најголема постројка за прочистување на вода во светот, игра клучна улога во проектот.
Нејзиниот капацитет е дури 7,5 милиони кубни метри вода дневно, а нејзина задача е да прочистува и подготвува вода за наводнување на нови земјоделски површини
Системот се потпира на два главни извори – прочистена вода од земјоделскиот систем за дренажа што се користи повторно, и подземни резерви на вода од длабоки пустински водоносни слоеви.