🎥 КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО БИЛО ТЕШКО?! „Јас ни копам, ни ништо, ги посадив и толку!“

88-годишната баба на нашата пејачка на традиционални песни, позната како Зарина Првасевда, одгледува зеленчук иако семејството ја советува да не се мачи и да се одмара. Еве како милата баба Бока ја пречекува својата внука и со гордост ѝ покажува што посадила: Сѐ за тебе... Ела ми да ти покажам...

78

Девојката со прекрасен глас, единствената Евгенија Здравевска, во јавноста позната како Зарина Првасевда, многу брзо стана популарна кај публиката по својата силна страст за традиционалните песни и изворниот етно звук.

Стана препознатлива по нејзините мини-настапи низ планинските врвови кадешто ја нашла сплотеноста на двете суштински работи што со години се дел од неа – музиката и природата.






Но, овојпат, го привлече нашето внимание со видеото што го објави на нејзиниот профил на Фејсбук, насловено како: Welcome to My 88 Years Young Balkan Granny’s Garden.

Погледнете го ова кратко видео и ќе ви стане јасно зошто сите коментари под него се толку емотивни. Милата баба Бока која има 88 години ѝ ја покажува својата мала градина во која, како што вели:

– Овие сите за тебе ги чував бабе, ела, еве, види, засадив две коренчиња од тие патлиџанчињата ти што ги сакаш, сѐ за тебе.

На нејзината примедба дека не сака да се мачи и дека треба да одмара, баба Бока ѝ вели:

– Ами бабе, и тоа е досадно, јас ништо не правам, ни копам, ни ништо, ги посадив и толку! Ела ми…

Поврзани содржини