ЈА ДОБИЛ НАГРАДАТА ОД „КРАШ“ ПО РЕЧИСИ 40 ГОДИНИ! Синот го пополнил истиот албум, подарокот му стигнал навреме

Потрагата по Шиме почнала со една трага – првата буква од неговото име. Наградата била пакет слатки за пополнетиот албум „Животинско царство“.

0

Шиме Предован од хрватскиот град Нин добил сладок пакет од „Краш“ за албумот „Животинско царство“ што го испратил во 1987 година. Како дете очекувал чоколади за собраните сликички. Подарокот тогаш не стигнал, објави Индекс.

Последните две сликички му ги дал постар роднина од страната на мајка му. Предован се сеќава дека преку албумот запознавал животни што дотогаш немал можност да ги види. Кога го пополнил, го испратил во загрепската фабрика.






Албумот останал во архивата на „Краш“. Кога вработените го пронашле, единствената трага била првата буква од името на детето, Ш. Компанијата објавила повик на социјалните мрежи и ги замолила луѓето да ја споделат приказната. Така стигнале до Предован.

Во меѓувреме, сликички собирал и неговиот син. И тој го пополнил албумот „Животинско царство“ и го испратил во „Краш“. Неговиот подарок стигнал навреме.

Предован дошол во фабриката со сопругата. Ги запознал вработените што го барале, ја разгледал фабриката и си го зел албумот што го испратил како 8-годишник.

Поврзани содржини