НИКОЛА ЈАНКУЛОСВКИ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА Избрани се и останатите членови на раководството на Комората
Со изборот на новото раководство официјално ќе започне новиот четиригодишен мандат на Лекарската комора, која ги претставува и ги штити професионалните интереси на докторите по медицина во државата.
Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора.
Тој е избран со 63 гласа од присутните на денешната изборно-конститутивна седница.
За заменик-претседател е избран д-р Идриз Орана, а за потпретседатели се избрани докторите д-р Биљана Петковска Огњанова – потпретседател за примарно здравство, д-р Ленче Нелоска – потпретседател за секундарно здравство и и д-р Ристо Тодоров – потпретседател за терцијарно здравство.
Со изборот на новото раководство официјално ќе започне новиот четиригодишен мандат на Лекарската комора, која ги претставува и ги штити професионалните интереси на докторите по медицина во државата.
Проф. д-р Никола Јанкуловски е истакнат супспецијалист по абдоминална хирургија, долгогодишен редовен професор на Катедрата за хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје, а ги извршуваше и функциите на директор на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, во два мандати декан на Медицинскиот факултет во Скопје и во два мандати ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.