ПОСЛЕ 41 ГОДИНА БРАК, МОЖЕН РАЗВОД СО НЕВЕРОЈАТНА ЦЕНА Аферата на шефот на „Енвидија“ може да ги урне рекордите на Гејтс и на Безос

Џенсен Хуанг призна дека ја изневерил сопругата по повеќе од четири децении брак. Доколку Лори Хуанг побара развод, дел од процените предвидуваат дека нејзиниот удел би можел да достигне десетици милијарди долари.

0

Милијардерот и прв човек на технолошкиот гигант „Енвидија“, Џенсен Хуанг (63), ја изневери сопругата Лори Хуанг (65), по 41 година брак, во кој ги добиле ќерката Медисон (35) и синот Спенсер (36). Тој наводно ѝ се извинил преку официјална порака упатена до вработените. Неговата сопруга, доколку по сè што се случило не сака да продолжат заеднички да живеат, би можела да добие неверојатни 80 милијарди долари, што би бил најскапиот развод во историјата на човештвото.

Сепак, особено внимание во јавноста привлекол наводот дека неговата љубовница е бизнисменката Алис Хуанг (42) од Кина. Иако имаат исто презиме, тие не се во роднинска врска. За неа постојат сомневања дека, наводно по налог на Пекинг, се обидувала да дојде до строго чувани тајни за најсовремените компјутерски чипови на „Енвидија“.






Калифорнискиот закон е строг: Имотот се дели на половина!

Вистинската драма допрва би можела да следува доколку измамената сопруга одлучи да поднесе барање за развод. Џенсен и Лори се запознале за време на студиите по електротехника на Државниот универзитет во Орегон, а брачните завети ги размениле во 1985 година. Хуанг ја основал „Енвидија“ дури осум години подоцна, во 1993 година. Токму тоа е клучниот детал што би можел да го доведе Хуанг до финансиски амбис.

Во американската сојузна држава Калифорнија важи строго правило за брачна имотна заедница: целиот имот стекнат за време на бракот се дели подеднакво меѓу сопружниците, односно по половина.

Списанието „Forbes“ моментално го проценува богатството на Џенсен Хуанг на околу 147 милијарди долари. Тоа значи дека во случај на бракоразводна постапка, сопругата Лори би можела да добие неверојатни 73,5, па дури и до 80 милијарди долари. Сумата би можела да биде и значително поголема доколку вредноста на акциите на „Енвидија“ закрепне на берзата.

Други, поконзервативни процени, кои ги наведува порталот „SFist“, го пресметуваат нејзиниот удел на околу 60 милијарди долари, врз основа на конкретни пакети акции. Сè зависи од тоа кој имот судот ќе го утврди како заеднички, со оглед на тоа што не е познато дали сопружниците имаат предбрачен договор.

Сè уште не е познато ниту што ќе се случи со околу 140 милиони акции депонирани во два фонда наменети за нивните деца. Изневерената Лори засега не се огласила јавно.

Паѓаат рекордите на Бил Гејтс и Џеф Безос?

Досега најскапиот развод во историјата е разводот на основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс (71), од сопругата Мелинда (62), по 27 години заеднички живот. Во јавноста се шпекулираше со сума од 76 милијарди долари, иако таа бројка никогаш не беше официјално потврдена.

Брачниот бродолом на Хуанг би можел да го урне тој рекорд и да постави апсолутна историска граница.

За споредба, основачот на „Amazon“, Џеф Безос (62), во 2019 година мораше да ѝ отстапи на поранешната сопруга Мекензи Скот акции што тогаш вредеа 38 милијарди долари.

Интересно е што и на разводите на Гејтс и Безос им претходеа јавно откриени вонбрачни афери, па шефот на „Енвидија“ се најде во друштво на технолошки магнати кои неверството ги чинеше милијарди.

Поврзани содржини