ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ПРЕД НАПЛАТНАТА СТАНИЦА ГЛУМОВО „Мерцедес“ се судрил со два мотора

0

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа на автопатот „Мајка Тереза“, во непосредна близина на наплатната станица Глумово, во правец кон Скопје.

Според МВР, несреќата била пријавена на 1 август во 20:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (35) од тетовско Порој, мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А. (45) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П. (43) од Скопје.






Во несреќата тешки телесни повреди добиле тројцата возачи. Повредите им биле констатирани во Клиничкиот центар во Тетово и во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на настанот веднаш излегла увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје за да изврши детален увид, по што се очекува целосно расчистување на причините и околностите кои довеле до овој тежок сообраќаен инцидент.

 

Поврзани содржини