МАЈКА И ДЕТЕ УСПЕШНО ИЗВЛЕЧЕНИ ОД ПРОВАЛИЈА Струмичките пожарникари ги извлекле од непристапен терен

51

Мајка и дете се успешно спасени утринава откако паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ во Струмица.

Инцидентот бил пријавен во раните утрински часови, а од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека акцијата започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил веднаш упатен на терен.






Со употреба на специјализирана спасувачка опрема, екипите ги извлекле мајката и детето од непристапниот терен.

По успешното извлекување, тие веднаш биле предадени на екипа од Итната медицинска помош за преглед и понатамошно згрижување.

„Благодарение на брзата, професионална и координирана интервенција, спасувачката акција беше успешно завршена“, соопштија од ТППЕ Струмица.

По интервенцијата, од противпожарната единица упатија апел до сите граѓани кои ги користат трим-патеките и планинските патеки за зголемена претпазливост, особено во раните утрински и ноќните часови, кога движењето по стрмни делови носи ризик.

Поврзани содржини