ТРАМП ЌЕ ЈА ЗАТВОРИ НАТО БАЗАТА ВО АЛЕКСАНДРУПОЛИ Ова им одговара и на Путин и на Ердоган

Откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави дека не планира да ја продолжи помошта за Украина, посебно по преговорите во Ријад помеѓу САД и Русија, НАТО базата во Александруполи може да стане непотребна.

844

Американската влада нареди итна ревизија на базата на НАТО во Александруполи, Грција, преку која ѝ беше доставувана воена помош за Украина.

Базата се наоѓа во Тракија, на егејскиот брег, во близина на Црното Море, а САД и НАТО ја користеа за транспорт на силите во Источна Европа. Базата беше користена и од администрацијата на поранешниот претседател на САД, Џо Бајден како транзитна точка за испорака на американска помош, вклучително и воена, за Украина.






Откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави дека не планира да ја продолжи помошта за Украина, посебно по преговорите во Ријад помеѓу САД и Русија, НАТО базата во Александруполи може да стане непотребна.

Претседателот на Русија, Владимир Путин повеќе пати бараше затворање на базата во Александруполи.

Затворањето е во интерес и на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, кој базата во Александруполи ја смета за закана на турскиот монопол над Босфор.

 

Поврзани содржини