СЕВЕРНА КОРЕЈА Е ТРЕТА ЗЕМЈА ПО РЕЗЕРВИ НА БИТКОИН ВО СВЕТОТ Кои земји се пред неа?

Се верува дека резервите на биткоин на Северна Кореја се собрани од хакерски напади.

141

Северна Кореја е трета земја во светот по големина на резервите на биткоин. Пред неа се  САД и Велика Британија, покажуваат податоците од платформата Binance.

Според платформата, се верува дека државните хакерски групи создале резерви од 13.562 биткоини (BTC), во вредност од 1,14 милијарди долари.






Оваа платформа цитира податоци од Arkham Intelligence, компанија со седиште во Доминиканската Република која е специјализирана за откривање трансакции што помага да се идентификува перење пари и други сомнителни активности.

САД имаат резерви од 198.109 БТК, додека ОК има 61.245 БТК.

Во заедничкото соопштение на Јужна Кореја, САД и Јапонија, објавено во јануари, се вели дека хакерските групи од Северна Кореја, вклучително и групата Лазарус, стојат зад серијата сајбер напади во 2024 година кои украле криптовалути во вредност од 659 милиони долари.

Поврзани содржини