РУСИЈА ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА АВИОНСКО ГОРИВО Нов притисок врз трошоците на авиокомпаниите

Аналитичарите предупредуваат дека ограничувањето на извозот на керозин и дизел може дополнително да ја намали понудата на глобалниот пазар на нафтени деривати, што би извршило притисок врз цените на авионското гориво и трошоците на авиокомпаниите ширум светот.

48

Русија забрани извоз на авионско гориво до крајот на ноември со цел, да обезбеди доволно резерви за домашниот пазар, соопшти руската влада. Забраната важи и за авионското гориво купено преку стокови берзи и ќе биде во сила до 30 ноември.

Иако Русија не е доминантен светски извозник на авионско гориво, одлуката за забрана на извозот претставува уште еден сигнал за проблемите во руската рафинериска индустрија по серијата украински напади врз енергетската инфраструктура. Аналитичарите предупредуваат дека ограничувањето на извозот на керозин и дизел може дополнително да ја намали понудата на глобалниот пазар на нафтени деривати, што би извршило притисок врз цените на авионското гориво и трошоците на авиокомпаниите ширум светот.






Според руската влада, од мерката се исклучуваат пратките кои веќе биле во царинска постапка пред да стапи во сила забраната и испораките кои се извршуваат врз основа на меѓудржавни договори.

Одлуката доаѓа во време кога енергетските пазари се под зголемен притисок поради нестабилноста на Блискиот Исток и нарушувањата во глобалните синџири на снабдување.

Русија направи сличен потег во април, кога го забрани извозот на бензин до домашни производители до 31 јули.

Поврзани содржини