СДСМ ПРИЗНА ВИНА ЗА СЛАВИЈА, А АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ СИ ИГРААТ ВИДЕО-ИГРИ Опозицијата бара оставка од директорот на Агенцијата за одземен имот

Фатон Асани е еден од луѓето којшто беше најгласен за продажбата, можеби не по негова волја туку по нечија нарачка, но тој е еден од луѓето којшто беше најгласен, најревносно ја бранеше и се бореше за продажбата на овој криминален начин и мора да си даде оставка за овој случај и мора да се повлече, бидејќи со повлекувањето на продажбата тој ја призна вината за овој криминал во најава, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес-конференција.

781

Со откажувањето на продажбата на АД Славија, сласта и СДСМ сја признаа вината, реагираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес-конференција.

– Сакаа да ја продадат на криминален начин, за без пари да си ја присвојат и потоа да профитираат во милионски суми. Едноставно да се дообогатат преку ноќ одредени луѓе коишто би ја купиле. Нормално, тие луѓе се блиски до СДСМ и до власта. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните спречи продажба на АД Славија на криминален начин и со тоа спаси за државата и граѓаните 20 милиони евра во имот. Продажбата сакаа да ја направат на незаконски начин, без проценки, без реални вредносни суми на имотот и она што е најинтересно – во вакуум период помеѓу смена на 2 гарнитури од СДСМ и непосредно пред Нова година мислејќи дека никој тоа нема да го види. Е така не може. Така може да си препродаваат само штабови на СДСМ и имот на СДСМ. Особено сакам да им честитам и на вработените во АД Славија, кои одлучно покажаа пркос и поддржаа Славија да не оди на продажба на ваков криминален начин каде што ќе бидат оштетени. Да потсетиме, Славија сакаа да ја продадат за 218.535 евра, со имот и реални земјишта кои вредат над 20 милиони евра, со годишни приходи од 50 милиони денари и со пари на сметка кои во моментов се оперативни – рече Арсовски.






Сега, откако ја повлекоа оваа криминална продажба, откако им ги помативме сметките и намерите, додаде тој, уште веднаш бараме оставка од Фатон Асани, директорот на Агенцијата за одземен имот, бидејќи ова не му е прв случај кога сака да распродаде имот кој е под негова ингеренција.

– Фатон Асани е еден од луѓето којшто беше најгласен за продажбата, можеби не по негова волја туку по нечија нарачка, но тој е еден од луѓето којшто беше најгласен, најревносно ја бранеше и се бореше за продажбата на овој криминален начин и мора да си даде оставка за овој случај и мора да се повлече, бидејќи со повлекувањето на продажбата тој ја призна вината за овој криминал во најава. Како политичка партија покажавме дека стоиме на страната на граѓаните и дека немаме намера да калкулираме со криминалот и како и сега, така и во иднина ќе бидеме рамо до рамо со граѓаните штитејќи ги нивните интереси. Ние, како ВМРО-ДПМНЕ, имаме јасни намери, цели и принципи да расчистиме со секаков вид на криминал. Тоа го покажавме дури и сега во опозиција. Сакам исто така и да ги потсетам дел од институциите, како на пример Антикорупциската комисија, која сè уште до неа најверојатно не стигнале информации и не знае дека власта сакала да ја продаде АД Славија, најверојатно затоа што по цел ден играат видео игри во институцијата наместо да се борат против криминалот, исто така да потсетам и на молкот на пиунчето на Зоран Заев,  Димитар Ковачевски, кој во ниту една прилика излегувајќи секојдневно по медиумите не најде време да го искоментира овој криминал во најава и да побара да биде спречен иако се крена како сериозна тема во јавноста. Наместо тоа, праќаат деца на прес-конференции да ги штитат нивните криминални бизнис интереси. Тоа покажува дека им е дојден крајот и дека на изборите ќе изгубат со огромна разлика – истакна Арсовски.

Поврзани содржини