ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИМЕ ВО „МАРСОВЦИ“, ПА ЌЕ ИЗУМРЕМЕ Како ќе изгледа Земјата ако пресушат океаните?
Ако внимателно ја следиме анимацијата, тогаш ќе воочиме дека некои предели од некои континенти како што е, на пример, Јадранското Море, е плитко подрачје и тоа подрачjе прво би останало без вода.
Иако копнената површина на Земјата е детално мапирана, сепак најголемиот дел од површинат аја сочинуваат океаните. Површината под водата не е добро мапирана и не е истражувана, дури и помалку од површината на Месечината.
Симулацијата што ја направиле Јапонската аерокосмичка истражувачка агенција (Japan Aerospace Exploration Agency) и НАСА, ни овозможува да дознаеме какви предели се кријат во длабочините на океаните.
Ако внимателно ја следиме анимацијата, тогаш ќе воочиме дека некои предели од некои континенти како што е, на пример, Јадранското Море, е плитко подрачје и тоа подрачjе прво би останало без вода. Подоцна, ќе воочиме како подводни гребени и кањони формираат езера. На крајот на симулацијата, кога целосно ја снемува водата, континентите се прикажани со зелена боја, освен Сахара и дел од Блискиот исток.
Јасно е дека такво страшно сценарио би се случило доколку пресушат океаните, а континентите би се претвориле во жолти пустински предели и светот би исчезнал.
– Земјата би се претворила во Марс – вели Драган Танаскоски од Астрономски магазин.
Симулацијата погледнете ја ТУКА.