МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ПОВИКАНА ВО БУГАРСКОТО МНР Осуди за потпалувањето на дипломатските возила во Скопје

Бугарија ги зема предвид изјавите на официјалните институции во соседната земја и брзите дејствија на надлежните органи, што доведоа до апсење на сторителот.

1

Вршителката на должноста амбасадор на Република Македонија во Софија, Агнеза Руси Поповска, денеска беше повикана во Министерството за надворешни работи на Бугарија на „разговор“ за двете запалени дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје вчера.

„Заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласи дека нашата земја најостро го осудува овој невиден во нашите билатерални односи демонстративен чин на агресија, кој ги става во опасност и здравјето и животите на вработените во бугарската амбасада и жителите на главниот град на Северна Македонија, кои беа во близина за време на нападот. Бугарија ги зема предвид изјавите на официјалните институции во соседната земја и брзите дејствија на надлежните органи, што доведоа до апсење на сторителот. Во исто време, очекуваме ефикасна истрага и спроведување на правдата во случајот, што на категоричен начин ќе покаже дека ваквите дејствија се неприфатливи“, соопшти бугарското МНР.






Полендаков нагласил дека спроведувањето на принципите на владеење на правото и преземањето ефикасни мерки за спречување и борба против злосторствата од омраза се клучни ако една земја сака да ја заштити својата европска иднина.

„Секакви обиди за всадување страв кај Бугарите во Република Северна Македонија се неприфатливи и бугарската држава ќе продолжи да ги користи сите воспоставени механизми за да им се спротивстави“, порача МНР на Бугарија.

Поврзани содржини