📷 ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕДЕ 4 ТРКАЧКИ АВТОМОБИЛИ Организирани биле нелегални трки во Скопје
СВР Скопје најави дека ќе продолжи со засилени контроли за спречување на вакви незаконски активности кои го загрозуваат јавниот ред и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во понеделникот привремено одзеде четири патнички моторни возила, меѓу кои „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „форд мустанг“, поради учество во нелегални улични трки на булеварот Трета Македонска бригада во Скопје.
„По преземените дополнителни мерки и извршените проверки во станица за технички преглед, утврдено е дека две од овие возила произведувале зголемена бучава, поради што им се изречена мерка привремено одземање во времетраење од 90 дена, согласно член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај. Во однос на останатите две возила, против нивните возачи се поднесени прекршочни платни налози поради утврдени неправилности во техничката исправност, како и поради користење на неовластено вградени затемнети фолии на стаклата“, се вели во полициското соопштение.
СВР Скопје најави дека ќе продолжи со засилени контроли за спречување на вакви незаконски активности кои го загрозуваат јавниот ред и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.