КРАТОВЕЦ ПРОБОЛ ПОЛИЦАЕЦ СО НОЖ, СЕ БАРА ПРИТВОР Драмата почнала кога полицајците отвориле заклучена врата

Еден полицаец се здобил со тешки повреди откако осомничениот го пробол и го расекол со нож. Обвинителството побара притвор поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.

0

Основното јавно обвинителство Куманово отвори истрага против 40-годишен кратовец осомничен дека со нож нападнал полицаец и му нанел тешки телесни повреди. За него е предложена и мерка притвор.

Нападот се случил на 11 септември, кога двајца полицајци преземале дејства за спречување кривично дело. Тие употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, по што тој ги нападнал.






Еден од полицајците бил прободен со нож и се здобил со тешки телесни повреди – прободна рана и посекотина.

Обвинителството донело наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за кривичното дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини