Пере од „Нокаут“ ги објави првите фотографии од новородената ќерка: Софиа пристигна дома на Св. Никола ФОТО
Пејачот Никола Перевски- Пере, познат како Пере од „Нокаут“ ја покажа својата трета ќерка Софиа, која ја доби од бракот со втората сопруга Јована.
Пере, на денот на неговиот именден, празникот Свети Никола, одлучи со обожавателите да ги сподели првите фотографии од ќерката Софиа.
„Си дојде дома мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млекo. За многу години Св. Никола“, напиша Пере во описот на фотографиите.
Пере по третпат стана татко во ноември, откако неодамна по вторпат се ожени со Јована Темелковска. Од првиот брак ги има ќерките Михаела, која има 21година и Каја (13).