ЌЕРКАТА НА ТОМ КРУЗ И ЛЕГАЛНО ГИ ПРЕКИНА ВРСКИТЕ СО ТАТКО Ѝ Сури Круз и официјално се откажа од славното презиме
Сури Круз, која со години нема близок однос со славниот актер, законски го сменила презимето во Ноел и под тоа име се регистрирала за гласање во Пенсилванија, кадешто сега живее.
Дваесетгодишната ќерка на Том Круз и Кејти Холмс законски се откажала од презимето Круз и го променила во Ноел, објави Page Six.
Според јавните записи, Сури се регистрирала за гласање во Пенсилванија, каде што моментално живее, во октомври 2024 година, за време на првата година од студиите на Carnegie Mellon University.
Таа се регистрирала во округот Алегени под името Сури Ноел, што укажува дека тоа е нејзиното законско име.
Од судовите во Пенсилванија потврдиле дека жителите мора да се регистрираат за гласање користејќи го своето законско име.
Исто така, потврдено е дека Сури не поднела барање за промена на името во округот Алегени, што сугерира дека тоа можеби го направила во Њујорк пред да замине на студии.
Пред преселбата во Пенсилванија, Сури живеела со мајка си Кејти Холмс во Њујорк, каде што барањата за промена на име автоматски се запечатуваат или се запечатуваат по барање.
Не е познато точно кога Сури Ноел станало нејзино законско име, но таа веќе со години го користи во јавноста.
Иако со Том Круз, кој денес има 64 години, нема блиска врска поголем дел од животот, првпат го привлече вниманието на јавноста во јуни 2024 година кога во програмата за матурската свеченост во средното училиште „ЛаГвардија“ не го користеше неговото презиме.
Тогаш извор за Page Six изјавил дека со користењето на презимето Ноел — средното име на нејзината мајка Кејти Холмс — Сури сакала да ѝ оддаде почит.
Според истиот извор, таа сакала и да избегне внимание од папараците, да изгради сопствен идентитет и да започне ново поглавје на факултет.
Сури уште во средно училиште се заинтересирала за актерството, кога ја добила главната улога на Мортиша Адамс во мјузиклот „Семејството Адамс“. Денес студира музички театар на драмската школа при Carnegie Mellon University.
Во март настапила во сценско читање на претставата „Cosmic Microwave Background“ во театарот „New Hazlett“ во Питсбург, а како што пишувавме оваа недела ќе игра во „Midsummer“, современа адаптација на Шекспировата драма „Сон на летната ноќ“, заедно со свои колеги од факултетот.
Претставата следниот месец треба да го има и своето британско деби на Edinburgh Festival Fringe.
Том Круз и Кејти Холмс ја добија Сури во април 2006 година, а се венчаа седум месеци подоцна. По разводот во август 2012 година, Сури остана да живее со мајка си, со која, како што Холмс призна во едно интервју, „на некој начин пораснале заедно“.