📽️ ТОМ КРУЗ МУ ПРИРЕДИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СТИВЕН СПИЛБЕРГ Холивудските ѕвезди се собраа во чест на легендарниот режисер

Актерот ненадејно се појави на свеченоста во Музејот на модерна уметност во Њујорк. Меѓу гостите беа Мартин Скорсезе, Роберт де Ниро, Кејт Бланшет и Дру Баримор. Вечерта беше одбележана и со музички настап на Брус Спрингстин.

2

Том Круз му приреди изненадување на Стивен Спилберг со ненадејното појавување на свеченоста во њујоршкиот Музеј на модерна уметност (MoMA), организирана во чест на легендарниот режисер.

Круз ја отвори вечерта со посебна почит кон режисерот со кого соработуваше на филмовите „Minority Report“ и „War of the Worlds“. Неговото појавување не беше најавено однапред, па беше едно од изненадувањата на вечерта.






На Спилберг му оддадоа почит и Емили Блант, Стив Мартин и Мартин Скорсезе. Меѓу гостите беа Роберт де Ниро, Кејт Бланшет, Дру Баримор, Мишел Фајфер, Џеф Голдблум, Зои Салдана, Мишел Вилијамс и Џон Красински.


Музичкиот дел од програмата го одбележа Аријана Дебоуз, која ја отпеа „Somewhere“ од филмот „West Side Story“, во режија на Спилберг. На крајот на вечерта, Брус Спрингстин приреди уште едно изненадување со акустична изведба на „Dancing in the Dark“.

Спилберг, кој има 79 години, во разговор со новинарите на „Асошиејтед прес“ рече дека ентузијазмот за снимање филмови му е ист како кога имал 12 години и дома снимал мали вестерни со камера од осум милиметри. Тој призна дека признанието од MoMA му значи особено многу бидејќи музејот бил меѓу првите што го препознале филмот како уметничка форма, уште во триесеттите години на минатиот век.

Во говорот при примањето на признанието, режисерот ја истакна важноста на соработката во филмската уметност.

– Чувството да стојам сам тука ми изгледа погрешно. Филмот е колективна работа. Кога ме издвојуваат мене на ваква вечер, ме потсетуваат дека никогаш не сум бил сам – рече тој.

Приходите од годишната свеченост се наменети за филмската колекција на музејот, за откупување и зачувување значајни филмски дела и за неговите филмски програми. „Шанел“ го поддржува настанот од 2011 година.

Поврзани содржини