📽️ ЏЕЈ ЛО ИЗНЕНАДИ СО НАСТАП ВО МЕТРОПОЛИТЕН МУЗЕЈОТ ВО ЊУЈОРК Пејачката за првпат во живо ја отпеа и новата песна инспирирана од Макс и Еме
Пејачката ги изведе своите најголеми хитови, а за првпат во живо ја отпеа и новата песна „Proof of Love“. Нумерата е инспирирана од нејзините близнаци Макс и Еме, кои заминаа на колеџ. Настапот беше изненадување за гостите на настанот Bilt Town Square, а особено, стајлингот.
Џенифер Лопез приреди вистинско изненадување за гостите на настанот Bilt Town Square, одржан во Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк. Пејачката се појави без најава и приреди краток настап со некои од најпознатите песни од својата кариера.
Нејзиното појавување беше исто толку впечатливо колку и настапот. Лопез беше внесена на сцената на рамената на двајца танчари, додека ја пееше „Waiting for Tonight“. Потоа следуваа „Love Don’t Cost a Thing“ и „On the Floor“, а најголемото изненадување беше премиерната изведба во живо на новата песна „Proof of Love“.
За настапот пејачката најпрво избра металик фустан, мрежести чорапи, црна крзнена наметка и впечатлив украс за глава со кристали. Подоцна се пресоблече во светкав, тесен костим со мрежести детали, со кој ја изведе новата песна.
„Proof of Love“ е инспирирана од нејзините близнаци Макс и Еме, кои заминаа на колеџ. Лопез неодамна објасни дека песната е весела денс-нумера, но зборува и за двојноста на љубовта – за болката и тагата што ги чувствуваме кога некој близок ќе замине. Според неа, и тие чувства се доказ за љубовта.
View this post on Instagram
Настапот беше дел од соработката на Лопез со компанијата Bilt, која го организираше настанот по повод претставувањето на својата нова платформа. Во рамките на партнерството, компанијата најави и специјално издание на албумот „LOVE?“ од 2011 година, на црвен винил, на кое ќе биде вклучена и новата песна „Proof of Love“.