ПЕТАР ГРАШО СПОДЕЛИ ДЕЛ ОД ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ Пејачот во опуштено издание заедно со пријателите го пее својот голем хит

Популарниот хрватски пејач направи редок исклучок и сподели момент од опуштено дружење надвор од сцената. Во друштво на пријателите ја запеа „Ako te pitaju“, а со кратката порака „Малку ни треба“ ги разнежни следбениците.

0

Петар Грашо ретко открива детали од приватниот живот на социјалните мрежи. Неговиот профил на Инстаграм најчесто е исполнет со фотографии и видеа од концерти и настапи, па последната објава особено ги израдува неговите следбеници.

Овојпат популарниот пејач од Сплит покажа како изгледаат неговите моменти на опуштање далеку од сцената. Објави снимка од кафеана, на која во друштво на пријатели, во пријатна атмосфера, ја пее својата голема хит-песна „Ako te pitaju“.






Покрај видеото напиша само три збора: „Малку ни треба“. Објавата веднаш предизвика реакции, а следбениците се воодушевија од спонтаното издание на пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Grašo (@petargrasoofficial)

Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ Грашо се меѓу познатите парови кои приватноста ја чуваат далеку од јавноста. Во брак се четири и пол години и имаат две деца – ќерката Алба и синот Тони. Заедничките моменти ретко ги споделуваат на социјалните мрежи, а особено внимаваат да ги заштитат децата од медиумското внимание.

Неодамна Грашо во емисијата „Ин магазин“ зборуваше за семејниот живот со Хана и децата, но откри и кога публиката може да го очекува неговиот нов албум, по пауза од дури 20 години.

 

 

Поврзани содржини